Намалување на растењето на влакната за над 75% по само 3 третмани*

  • Професионална и ефикасна фотоепилација дома
  • Безжичен и лесен за користење
  • Безбеден за употреба по целото тело
Купи од NEPTUN Купи од Setec * Резултати од фотоепилациja на нозе, по 3 процедури спроведени во 2 недели

Што е IPL?

IPL е докажана технологиja од интензивна пулсирачка светлина шпто се користи во професионалните салони за убавина за постигнување на мазна кожа без влакна. Philips Lumea jа воведе оваа иновативна технологиjа базирана на светлина за отстранување на влакната базирана на светлина за безбедна и ефикасна употреба во удобноста на вашиот дом.

Како работи Lumea?

Philips Lumea испорачува нежни светлосни пулсирања до коренот на влакната. Овие светлосни пулсирања генерираат топлина што го стимулира коренот на влакното да влезе во фаза на одмор. Како резултат на ова, влакното природно отпаѓа и се спречува неговото повторно растење. Вградениот светлосен филтер обезбедува безбеден и ефикасен третман.

Гледај го видеото за да разбереш повеќе за Lumea

Video

Како да го користите Philips Lumea?

Долготрајна и мазна кожа во три чекори:

1. Прво отстранете ги влакната во зоните кои сакате да ги третирате (преку бричење или со епилатор). На овоj начин енергиjата произведена од светлосните импулси наjефективно се фокусира на коренот од влакното

2. Поставете го интензитетот на светлината според типот на вашата кожа и боjата на влакната. Уредот треба да биде поставен под агол од 90° за да биде во постоjан контакт со кожата.

3. Вклучете го уредот, светлосните импулси ке ги „успиjат“ корените на влакната. Влакната ке преминат во фаза на мирување и на тоj на начин нивното растење ке биде забавено/запрено.

Лице
Бикини-област
Под пазуви
Долниот дел од нозете
*Време за третман за Lumea Prestige Користете ja Lumea со доверба, за отстранување на влакната од вашето тело (новите, под пазувите, бикини-областа, стомакот и рамената) и вашето лице** (горните усни, брадата и зулуфите). **Само за Lumea со карактеристика за фациjална употреба.

Погоден ли е Philips Lumea за мене?

ВЕЌЕ ГО ПРОБАА

Видете мислења и препораки

Палетата фотодепилатори
Philips Lumea

SC1995/00 Lumea Advanced SC2009/00 Lumea Prestige
Броj Импулси 250.000 250.000
Работа со едно полнење   370 импулсот
Зони на апликациja Раце
Нозе
Стомак
Бикини зона
Пазувите
Лице
Раце
Нозе
Стомак
Бикини зона
Пазувите
Степен на интензитет 5 степени 5 степени
Без замена на сиjалицата
Без кабел
Прецизни додатоци
Режим Slide&Flash
Цена* Препорачана малопродажна цена. Секој трговец на мало ја дефинира својата сопствена цена.:15 599 ден. Купи од NEPTUN Купи од Setec Препорачана малопродажна цена. Секој трговец на мало ја дефинира својата сопствена цена.:30 999 ден. Купи од NEPTUN Купи од Setec

Наjчесто поставувани прашања

Фото епилаторот Philips Lumea освен на рацете или нозете, можат да се користат безбедно и врз чувствителните зони на телото, како пазувите и бикини зоната. Покрај тоа, моделот SC2009 благодарение на додатокот со дополнителен филтер за UV заштита, може да се користи на лицето (горната усна, брадата и бакенбардите) и за прецизен третман на нежните зони.

Уредот располага со пет прилагодливи светлосни импулси на интензитет, односно пулсирања, кои одговараат за пет различни тонови на кожата и пет бои на влакната, за да можете да уживите во нежен и ефикасен третман. IPL процедурите не се пропорачуваат при влакна со црвена, плава и сиво-бела боjа, или едноставно многу темна (кафево-црна) боjа на кожата. Ова може да доведе до повреда со модринки, оток или промена на боjата.

Да, но само при првата процедура, кога е важно за светлината да достигне до корените на влакненцата. На овој начин се избегнува непријатни чувства во текот на постапката. Новата палета Philips Lumea овозможува да ги третира зоните по различни методи на отстранување на влакна: бричење или депилација.

На почетокот користете го минималниот интензитет. Ако се чувствувате удобно, постепено зголемуваjте го интензитетот. Пред да го користите апаратот Philips Lumea видете ja табелата за компатибилност на кожата и за боjата на влакната. Третманот треба да биде безболен. Ако почувствувате неудобност или болка, намалете го интензитетот на светлината.

Philips Lumea постигнува одлични резултати каj повекето типови на кожа и влакна:

  • Значително намалување на растот на влакненцата по само 2 процедури извршени во интервал од две недели.
  • Видливи и долготрајни резултати само по три до четири третмани.

На некои области влакната ке изгледаат како уште да растат. Тоа е така затоа што третманот се извршува во различни фази од растењето на влакната. Но, со секоj следен третман тие ке стануваат и потенки и на краjот ке отпаднат.

Да, може да се користи во текот на летото, под следниот услов:

  • Започнете го третманот минимум 48 часа по последното изложување на сонце;
  • Почекајте најмалку 24 часа од последниот третман со Philips Lumea пред да се изложите пак на сонце;
  • Намачкајте се со крем за сончање со фактор 30+ и не ги изложувајте третираните зони на сонце.

И покрај ова, ние препорачуваме да започнете со процедурите во почетокот на зимата или пролета, за да може да уживате во нежна кожа во текот на летото.

Да. Иако Philips Lumea e специjално дизаjниран за жени, мажите исто така можат без колебање да го користат на своите гради, нозете и грбот. Не препорачуваме користење на Philips Lumea за отстранувањe влакна на брадата.

Има неколку случаи во кои не ја препорачуваме употребата на Philips Lumea:

  • Ако сте бремени или доите;
  • Ако вашиот тип кожа не е соодветен (проверете во табелата за компатибилност)
  • Ако страдате од заболување на кожата, егзема или воспаление

Ниту еден метод за отстранување на влакна со фото базирана на технологија, независно дали е во професионалните салони или дома, не гарантира трајни резултати. При нормален раст на влакното, фото третманите обично се изведуваат со серија од постапки. Влакненца, кои биле во почетокот на растење при претходната постапка, може да бидат во растечка фаза сега. Како кај професионалните процедури, така и кај оние во домашни услови, влакненцата се појавуваат повторно по одреден временски период, потенки, во многу помали количини и густина. Често се препорачува повторување на процедурата еднаш или двапати во годината. Philips Lumea работи со помал интензитет од професионалните процедури, но редовната употреба ќе доведе до апсолутно врвени резултати.

Технологијата IPL (Интензивна импулсна светлина) се користи како метод на отстранување на влакна од 1997 година. Од тогаш па наваму нема регистрирани никакви несакани ефекти или оштетувања предизвикани како резултат на долготрајна употреба. Philips Lumea е развиен во соработка со признати дерматолози и ги исполнува сите барања за апарати за домашна употреба. Како и секој друг производ за нега на кожата е важно да се користи според упатството.

IPL технологијата емитира светлина од сите видливи бранови должини (Како блиц при фотографирање), додека ласерот емитува единичен зрак светлина со одредена бранова должина (како ласерски покажувач). Технологијата IPL е флексибилна, има широка примена во споредба со ласерските процедури.

Во клиничките испитувања, ниту една од жените (над 2000 жени) кои се подложија на процедурите, не го класифицираа третманот како болен. Меѓу најчестите симптоми кај жените се: чувство на топлина, вкочанетост или чешање, кои во повеќето случаи исчезнуваат по една минута.

Секој апарат Philips Lumea има 250 000 светлосни импулси кои се доволни за околу 500 пати употреба за цело тело и според препорачуваните временски рамки, треба да бидат доволни за 7-8 години употреба.