Уживај во мазна
кожа без влакна, и
до 6 месеци со
Philips Lumea

Палета на производи

Philips Lumea Prestige

Нашиот најефикасен фотодепилатор досега

  • До 92% помалку влакна по само три третмани*
  • Уникатни додатоци дизајнирани за ефикасна и безбедна епилациjа на сите делови на телото
  • Сензорот SmartSkin ја препорачува најдобрата поставка за тонот на вашата кожа
  • Може да се користи со кабел или на батерии

* При користење на уредот со кабелот за напојување со електрична енергија, временска рамка за највисоко нагодување на енергијата следејќи го распоредот на третмани, тестирано на нозе по третиот третман. Сепак, резултатите се индивидуални.

Докажана ефективност

Го намалува растот на влакна до 92% по само 3 третмани*

Philips Lumea испорачува нежни светлосни пулсирања до коренот на влакната . Овие светлосни пулсирања генерираат топлина што го стимулира коренот на влакното да влезе во фаза на одмор, влакното природно отпаѓа и се спречува неговото повторно растење. Истражувањата покажуваат значително намалување на растењето на влакната по само четири третмани што обезбедуваат мазна кожа без влакна. За да ги одржите резултатите, правете третмани на одржување на секои 4 до 8 недели.

Очекувани резултати по секој третман

*Доколку се следи распоредот за третман, со користење на Lumea Prestige, тестирано на нозе, по 3 третмани. Сепак, резултатите се индивидуални

8 причини за да ја одберете Philips Lumea Prestige

  1. До 92% помалку влакна по само три третмани**
  2. По само 12 третмани, уживајте 6 месеци* во мазна кожа без влакна
  3. Три интелигентни, заоблени додатоци за адаптирање на програмата на третмани за тело, лице и чувствителни области (бикини и под пазувите)
  4. Третман од само 8 и пол минути на двете нозе под колената
  1. Развиено од дерматолозите за безбеден третман, дури и на чувствителните области
  2. Сензор SmartSkin за прикажување на најудобната поставка за тонот на вашата кожа
  3. Безжична и жичена работа за максимална удобност
  4. БЕСПЛАТНА апликација за континуирана поддршка и водич за персонализиран третман.

* Средно намалување на растењето на влакната на нозете: 78% по 12 третмани.

** При следење на распоредот на третманите, мерено на нозете, 27 од 55 жени постигнале резултат на намалување на растењето на влакната од 92% или повеќе. Индивидуалните резултати можат да варираат.

Погледнете што велат жените кои го користат апаратот Lumea.

Боја на кожа
Боја на влакна

Дали Philips Lumea е погоден за мене?

Philips Lumea дејствува ефикасно, лесно и безбедно на голем број типови влакна и кожа. Дејствува на природни темноруси, кафеави и црни влакна, како и на кожа со многу светол до темнокафеав тен. Како и со сите други методи на фотодепилација што ја користат интензивната пулсирачка светлина, палетата производи Philips Lumea не може да се користи за третман на бели/сиви, светлоруси или црвени влакна, како ни за многу темна кожа. Причината за тоа е што е потребен голем контраст помеѓу пигментот во бојата на влакното и пигментот во бојата на кожата.

Како се користи Philips Lumea?

Лесно, безбедно и нежно отстранување на влакна

Lumea е лесен и безбеден за употреба. Одберете соодветен степен за вашиот тон на кожата со помош на сензорот SmartSkin. Третирајте ги различните области на телото нежно и ефикасно, со траење на третманот до 15 минути за целото тело.

Кликнете врз видеосодржината, за да видите како работи.

Чекор 1

Почнете со бричење, депилирање или со депилирање со восок на избраната област пред третманот.

Чекор 2

Изберете го нивото на интензитет соодветно за бојата на Вашата кожа со помош на сензорот SmartSkin.

Чекор 3

Поставете го прозорецот за третман на вашата кожа под агол од 90 степени. Почекајте да се вклучи светилката за подготвеност и притиснете го копчето.

Чекор 4

Полека слизнете ја Lumea врз кожата на зоната за третирање. Избегнувајте да извршувате повеќе од едно блеснување на едно исто место.

Уникатни заоблени смарт-додатоци за ефикасни резултати на секоја област

Влакната и облините се разликуваат на вашето тело, затоа за секоја област е потребен посебен третман. Затоа новата Lumea Prestige поседува уникатни заоблени додатоци дизајнирани за секоја област на телото. Исто така, поседува интегриран смарт-систем за препознавање што препознава кој додаток е монтиран и во согласност со тоа извршува посебен IPL третман, наменет за секоја област на телото (на пример, за бикини-зоната). Благодарејќи на оваа функција можете да бидете сигурни дека ќе добиете максимална ефикасност на секоја област, а особено на вашите чувствителни области.

Додаток за под пазуви

Големина на прозорецот - 3 см2 | Времетраење на процедурата - 1,5 мин.*

Специјално заоблениот додаток е дизајниран за третирање на тешко достапните влакна под пазувите. Кога овој интелигентен додаток ќе се постави на уредот, ќе се активира автоматски поставената процедура за работа под пазувите.

Додаток за бикини-зона

Големина на прозорецот - 3 см2 | Времетраење на процедурата - 2 мин.*

Влакната на бикини-линијата вообичаено се поздрави и подебели од влакната на другите делови на телото, така што е потребен уникатен додаток за да се обезбедат најдобрите резултати. Додатокот е заоблен и има дополнителен транспарентен филтер. Третирањето со светлосни зраци автоматски се регулира кога додатокот ќе се постави на уредот.

Додаток за лице

Големина на прозорецот - 2 см2 | Времетраење на процедурата - 1,5 мин.*

За нежно, но ефикасно третирање на влакната на лицето, додатокот е внимателно дизајниран со рамен прозорец за прецизна употреба на горната усна, брадата или линијата на вилицата. Тој има дополнителен вграден филтер и кога ќе се постави на уредот тој автоматски го нагодува светлосниот зрак за третманот, за да биде соодветен за третирање на несаканите влакна од лицето.

Додаток за тело

Големина на прозорецот - 4,1 см2 | Времетраење на процедурата - 8,5 минути за долниот дел на нозете*

Додатокот за тело е идеален за брзо третирање на големи области на телото, како што се нозете, рацете и стомакот. Заоблениот дизајн ги следи контурите на телото за оптимален контакт. Со додавањето на додатокот на уредот автоматски се активира персонализираната процедура што е соодветна за тие области на телото.

* При работа со кабел на највисок степен.

Philips Lumea, идеално решение за вас

"Технологијата IPL е достапна во специјализираните салони од 1997 година. Philips Lumea потекнува од оваа професионална IPL технологија и ви овозможува лесен и ефикасен третман во вашиот дом. Philips Lumea Prestige е кулминација на 14-годишните истражувања и развој во соработка со водечките дерматолози.“ Том Нујс, изумител на Philips Lumea

Истражување со 2000 жени

Philips Lumea е клинички испитан со докажани резултати врз над 2 000 жени.

14 години истражување

Philips Lumea е резултат на 14-годишни истражувања на Philips и произлегува од професионалната технологија IPL.

3 милиони жени ја сакаат Lumea.

Со над 3 милиони корисници во целиот свет, фотодепилаторот Lumea е идеално решение за спречување на повторното растење на влакната.

Палета фотоепилатори Philips Lumea

за други
модели на Lumea

Lumea Prestige

BRI956

34 799 ден*

Купи од Нептун

Lumea Prestige

BRI953

31 699 ден*

Купи од Сетек

Lumea Prestige

BRI950

28 999 ден*

Купи од Нептун Купи од Сетек Купи од Техномаркет

Lumea Advanced

BRI921

19 990 ден*

Купи од Нептун Купи од Сетек Купи од Техномаркет

Lumea Advanced

SC1994

16 590 ден*

Купи од Нептун Купи од Сетек Купи од Техномаркет

Карактеристики

  • Со кабел и безжично
  • Сензор SmartSkin
  • 5 степени на интензитет
  • Режим на лизгање и генерирање импулс
  • 250 000 импулси
  • Со кабел и безжично
  • Сензор SmartSkin
  • 5 степени на интензитет
  • Режим на лизгање и генерирање импулс
  • 250 000 импулси
  • Со кабел и безжично
  • Сензор SmartSkin
  • 5 степени на интензитет
  • Режим на лизгање и генерирање импулс
  • 250 000 импулси
  • Сo кабел
  • Брзо време на третирање
  • 5 степени на интензитет
  • Режим на лизгање и генерирање импулс
  • 250 000 импулси
  • +Satin Compact пенкало тример
  • Сo кабел
  • Брзо време на третирање
  • 5 степени на интензитет
  • Режим на лизгање и генерирање импулс
  • 250 000 импулси

Време (подколеници)

8,5 мин 8,5 мин 8,5 мин 15 мин 15 мин

Безбедност

  • Сензор за боја на кожата за дополнителна заштита
  • Систем за безбедност кој спречува ненамерно трепкање
  • Вграден УВ-филтер
  • Сензор за боја на кожата за дополнителна заштита
  • Систем за безбедност кој спречува ненамерно трепкање
  • Вграден УВ-филтер
  • Сензор за боја на кожата за дополнителна заштита
  • Систем за безбедност кој спречува ненамерно трепкање
  • Вграден УВ-филтер
  • Сензор за боја на кожата за дополнителна заштита
  • Систем за безбедност кој спречува ненамерно трепкање
  • Вграден УВ-филтер
  • Сензор за боја на кожата за дополнителна заштита
  • Систем за безбедност кој спречува ненамерно трепкање
  • Вграден УВ-филтер

Додатоци

4 3 2 2 1

Зони на третман

  • уникатни заоблени смарт-додатоци
  • тело
  • лице
  • бикини зона
  • под пазуви
  • уникатни заоблени смарт-додатоци
  • тело
  • лице
  • прецизни зони
  • уникатни заоблени смарт-додатоци
  • тело
  • лице
  • прецизни зони
  • тело
  • лице
  • стандарден додаток за тело
Купи од Нептун Купи од Сетек Купи од Нептун Купи од Сетек Купи од Техномаркет Купи од Нептун Купи од Сетек Купи од Техномаркет Купи од Нептун Купи од Сетек Купи од Техномаркет

* Препорачана цена на мало. Секој трговец на мало си определува своја сопствена цена.

Апликацијата Philips Lumea IPL е ваш партнер
што ќе ви помогне да постигнете најдобри резултати

Апликацијата Lumea ќе ви ги обезбеди сите потребни совети во текот на првите недели од користењето на Lumea. Исто така, ќе ви обезбеди персонализиран распоред за секоја област од телото што е целосно приспособен на вашите потреби и ќе ве известува за да бидете сигурни дека нема да пропуштите одреден третман.

Апликацијата е достапна на англиски јазик.

Наjчесто поставувани прашања

Фотоепилаторите Philips Lumea освен на рацете или нозете, можат да се користат безбедно и врз чувствителните зони на телото, како пазувите и бикини зоната. Покрај тоа, моделите BRI956, BRI953, BRI950, BRI921 кои доаѓаат со посебен додаток за лице со дополнителен филтер за UV заштита, може да се користат на лицето (горната усна, брадата и бакенбардите) и за прецизен третман на нежните зони.

Уредот располага со пет прилагодливи светлосни импулси на интензитет, односно пулсирања, кои одговараат за пет различни тонови на кожата и пет бои на влакната, за да можете да уживате во нежен и ефикасен третман. IPL процедурите не се пропорачуваат при влакна со црвена, плава и сиво-бела боjа, или едноставно многу темна (кафево-црна) боjа на кожата. Ова може да доведе до повреда со модринки, оток или промена на боjата.

Во текот на третманите со Philips Lumea важно е да нема израснати влакна над површината на кожата за да може светлосниот зрак да достигне до коренот на влакната. Влакната можат да се отстранат со брич, депилатор или со восок. Не треба да се користи крем за депилирање.

На почетокот користете го минималниот интензитет. Ако се чувствувате удобно, постепено зголемуваjте го интензитетот. Пред да го користите апаратот Philips Lumea видете ja табелата за компатибилност на кожата и за боjата на влакната. Третманот треба да биде безболен. Ако почувствувате неудобност или болка, намалете го интензитетот на светлината.

Philips Lumea постигнува одлични резултати каj повекето типови на кожа и влакна:

  • Значително намалување на растот на влакненцата по само 2 процедури извршени во интервал од две недели.
  • Видливи и долготрајни резултати само по три до четири третмани.

На некои области влакната ќе изгледаат како уште да растат. Тоа е така затоа што третманот се извршува во различни фази од растењето на влакната. Но, со секоj следен третман тие ќе стануваат и потенки и на краjот ќе отпаднат.

Да, може да се користи во текот на летото, под следниот услов:

  • Започнете го третманот минимум 48 часа по последното изложување на сонце;
  • Почекајте најмалку 24 часа од последниот третман со Philips Lumea пред да се изложите пак на сонце;
  • Намачкајте се со крем за сончање со фактор 30+ и не ги изложувајте третираните зони на сонце.

И покрај ова, ние препорачуваме да започнете со процедурите во почетокот на зимата или пролета, за да може да уживате во нежна кожа во текот на летото.

Да. Иако Philips Lumea e специjално дизаjниран за жени, мажите исто така можат без колебање да го користат на своите гради, нозете и грбот. Не препорачуваме користење на Philips Lumea за отстранувањe влакна на брадата.

Има неколку случаи во кои не ја препорачуваме употребата на Philips Lumea:

  • Ако сте бремени или доите;
  • Ако вашиот тип кожа не е соодветен (проверете во табелата за компатибилност)
  • Ако страдате од заболување на кожата, егзема или воспаление

Ниту еден метод за отстранување на влакна со фото базирана технологија, независно дали е во професионалните салони или дома, не гарантира трајни резултати. При нормален раст на влакното, фото третманите обично се изведуваат со серија од постапки. Влакненца, кои биле во почетокот на растење при претходната постапка, може да бидат во растечка фаза сега. Како кај професионалните процедури, така и кај оние во домашни услови, влакненцата се појавуваат повторно по одреден временски период, потенки, во многу помали количини и густина. Често се препорачува повторување на процедурата еднаш или двапати во годината. Philips Lumea работи со помал интензитет од професионалните процедури, но редовната употреба ќе доведе до апсолутно врвени резултати.

Технологијата IPL (Интензивна импулсна светлина) се користи како метод на отстранување на влакна од 1997 година. Од тогаш па наваму нема регистрирани никакви несакани ефекти или оштетувања предизвикани како резултат на долготрајна употреба. Philips Lumea е развиен во соработка со признати дерматолози и ги исполнува сите барања за апарати за домашна употреба. Како и секој друг производ за нега на кожата е важно да се користи според упатството.

IPL технологијата емитира светлина од сите видливи бранови должини (Како блиц при фотографирање), додека ласерот емитува единечен зрак светлина со одредена бранова должина (како ласерски покажувач). Технологијата IPL е флексибилна, има широка примена во споредба со ласерските процедури.

Во клиничките испитувања, ниту една од жените (над 2000 жени) кои се подложија на процедурите, не го класифицираа третманот како болен. Меѓу најчестите симптоми кај жените се: чувство на топлина, вкочанетост или чешање, кои во повеќето случаи исчезнуваат по една минута.

Секој апарат Philips Lumea има минимум 250 000 светлосни импулси кои се доволни за околу 500 пати употреба за цело тело и според препорачуваните временски рамки, треба да бидат доволни за 10-15 години употреба.